Постапки за непочитување на полицискиот час во Охрид

Од:

Основното јавно обвинителство Охрид денеска до Основниот суд во Охрид поднесе предлози за издавање казнен налог за две лица кои непочитувајќи го полицискиот час сториле кривично дело од член 206 став 1 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, двајцата обвинети биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат по улиците низ Охрид, додека во сила била Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинителството на Судот му предложи обвинетите да ги огласи за виновни за стореното кривично дело и да им изрече парични казни во висина од 100 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 2.000 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска