Постапката за регистрирање домејни се либерализира

Од:

Воведување систем на регистри со што ќе се либерализира пазарот и ќе се овозможи полесна постапката за регистрирање домени.

Покрај кај Македонската академска истражувачка мрежа МАРНЕТ, граѓаните ќе може да регистрираат домени и кај компаниите што ќе ги исполнат условите да станат регистрари.

„Кога МАРНЕТ како надлежна институција ќе ги одобри за регистрари, компаниите во името на МАРНЕТ ќе можат електронски да ги продаваат домените за граѓаните, со тоа што секој ќе може да регистрира домен од кој било компјутер и пристап до интернет. Со регистрарите ќе се воведе и нов пазар во Македонија со конкуренција, а дополнителните услуги што ќе ги нудат ќе бидат апсолутно по нивен избор за да може да привлечат што поголем број граѓани да регистрираат електронски домени“, рече министерот за информатичко образовани Иво Ивановски.

Според Ивановски во интерес е што повеќе регистрирани веб страници да бидат на „.мк“ затоа што овој индикатор се мери во голем број индекси, меѓу кои глобалниот индекс за иновации во ООН и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези