Последна фаза од реконструкцијата на Градскиот саат во Прилеп

Од:

Денес градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, во присуство на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милеска,свечено означи дека за околу два месецакомплетно завршуваат градежните активности околу реконструкцијата на Градскиот саат.

По многу години Градскиот саат ќе биде отворен за туристи, кои од врвот ќе можат да ја гледаат панорамата на Прилеп. Ќе биде обновен и механизмот на часовникот, кој ќе почне да го мери времето.

Санацијата изнесува 5 милиони денари,а реконструкцијата ја извршува фирмата „Геинг“ од Скопје.

Локалната самоуправа во иднина вети и реконструкција на просторот околу саатот.Според нив, овој споменик на културата во Прилеп ќе стане атракција, која ќе им овозможи на туристите да уживаат во панорамскиот погледа.

Во изминативе неколку дена ова е трета посета на министри од Владата на РМ во екот на кампањата за претстојните локални избори. Вчера во Прилеп присуствуваа министерот за финансии Зоран Ставрески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и Лазе Попоски, директор на Агенцијата за млади и спорт, кои заедно со градоначалникот на Прилеп свечено во употреба пуштија тениско игралиште во ОУ.”Гоце Делчев”.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај