Пошумување на крајбрежјето на река Брегалница во близина на селото Пенуш

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно претставници од Општина Штип присуствуваа на пошумување на крајбрежјето на река Брегалница во близина на село Пенуш. Оваа активност се спроведува во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарска агенција за развој на соработка.

„Денеска се наоѓаме на локацијата во близина на местото Пенуш по течението на реката Брегалница. Едно многу значајно место за Република Македонија и за Општина штип коешто е одбрано поради неговата специфичност на растенијата коишто растат овде. Оваа акција е со цел да го збогатиме овој вид на растенија коишто ги снемува од овој вид.

Денеска заедно со Источен плански регион, преку програмата на Швајцарската агенција за развој, заедно со директорот на ЈП „Исар“, советници од Совет на Општина Штип и ученици од две средни училишта сме овде да насадиме 120 садници,“ истакна градоначалникот Бочварски.

На оваа активност пред сите присутни беше презентирано од страна на професори на Шумарскиот факултет во Скопје, како правнилно се засадуваат дрвца и како тече нивното одгледување.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници