Пошта на РСМ: Отежнато одвивање на меѓународниот поштенски сообраќај

Од:

АД „Пошта на Северна Македонија“- Скопје соопшти дека овозможиле размена на пошта по сувоземен односно површински пат со Албанија, Грција, Косово, Романија, Бугарија и Турција. Од соседните држави, нема размена на пошта со Србија поради затворањето на границите. Размената на меѓународната пошта по авионски пат и натаму е привремено прекината поради затворените аеродорми.

-Имајќи ја во предвид ситуацијата со корона вирусот како во Македонија така и на глобално ниво, ве известуваме дека сѐ уште е отежната размената на меѓународна пошта по авионски пат. Од тие причини, има привремен прекин во прием на пратки од меѓународен сообраќај за сите држави, за кои, отпрема на пратки се врши по авионски пат, стои во објавата на веб страницата на Пошта на РСМ.

Како што истакнуваат, овозможен е прием на пратки во сите поштенски единици за државите: Албанија, Грција, Косово, Романија, Бугарија и Турција, а за секоја дополнителна промена ќе информираат.

Според податоците на Светскиот поштенски сојуз (СПС), специјализираната Агенција на ОН за поштенски прашања, мерките преземени за спречување на ширењето на Ковид -19 доведоа до распространето нарушување на меѓународните поштенски услуги.

СПС кој во реално време ја следи меѓународната поштенска размена забележа пад на тонажа од 10 проценти и пад од 15 проценти на бројот на поштенски пратки од претходната година во периодот од 23 јануари до 23 март 2020 година. Периодот го зема во предвид првиот бран мерки преземени од страна на владите против COVID-19, започнувајќи со затворањето на аеродромот во Вухан на 23 јануари.

Би можело да ве интересира

Плаќање во „Пошта“ најдоцна од први март следната година

Кристијан Ландов

„Пошта“ ќе соработува со Халк Банка, Владата даде зелено светло

Жарко Настоски

„Пошта“ ја прифати понудата за соработка на „Халк Банка“, се чека согласност од Владата

Катерина Павлова-Николовска

Влада: Макрадули нов член на управниот одбор на „Македонски пошти“

Катерина Павлова-Николовска

Битиќи: Одлуката за статусот на Пошта следната година

Катерина Павлова-Николовска

Светски ден на поштите, писмото „Добар ден, добар човеку!“ на Јана Поповска отпатува во Берн

Ана Ололовска