Поселт: Опозицијата да го прекине бојкотот и да прифати дека зад власта стои мнозинството

Од:

Опозицијата во Македонија мора да го прифати фактот дека власта ја има поддршката на мнозинството од народот, да се врати во Собранието и да сфати дека бојкотот не е одговор.

Ова го порача германскиот европратеник Бернд Поселт на денешното прво претставување на драфт-верзијата на Резолуцијата на Европскиот парламент за Република Македонија во рамки на Комисијата за надворешни работи (АФЕТ), јавува дописникот на МИА од Брисел.

Поселт, кој и припаѓа на групата пријатели на Македонија од Европарламентот, додаде дека оној што го има мнозинството народ зад себе, исто така мора да разбере оти и малцинството има свои права. Според Поселт, треба и да се престане со плашењето дека Македонија има територијални претензии кон соседите, оти во досгеашната историја нашата земја, според германскио пратеник, го сменила Уставот, знамето и прифатила референца за името само за да се реши проблемот за името, кој за жал се уште постои.

– Токму затоа се согласувам со предлогот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе да почнат преговорите за членство на Македонија во ЕУ, а во меѓувреме да се решава спорот за името, оти од почетокот на преговорите до добивањето на полноправно членство во ЕУ требаат осум до десет години, што е доволно време. Но, идејата за блокирање на стартот на пристапните преговори е неприфатлива!, отсече европратеникот од редовите на Европските народни партии

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија