Посебен сообраќаен режим во Скопје

Од:

Поради одржување на јавен собир во текот на викендот во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“.

Како што информира МВР, денеска од 13,30 часот на потегот од улицата „Кирил и Методиј“ пред канцеларијата на Европска Унија ќе се поставува бина при што сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Кочо Рацин“ и улиците „11-ти Октомври“, „Даме Груев“ како и други споредни улици .

Во недела, во времето од 12,30 часот, поради одржување на јавен собир, сообраќајот ќе биде пренасочен, односно забаранет за сообраќај ќе биде потегот од раскрсницата на булеварот „Кочо Рацин“ со улицата “Кирил и Методиј“ (поранешна Мито Хаџи Василев-Јасмин) до раскрсницата на оваа улица со булеварот „Свети Климент Охридски“. По потреба, сообраќајот ке биде пренасочен и на потегот од булеварите „Партизански Одреди“, „Крсте Мисирков“, „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Борис Трајковски“.

Полицијата апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски