Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

Од:

Поради активностите по повод верскиот празник Водици, во Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР информираат дека од 08:00 часот се до завршување на активностите, во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул.„Филип Втори Македонски“, на потегот од крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ до крстосницата со ул.„11 Октомври“, во двете насоки.

Во Општина Ѓорче Петров од 08:00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански одреди“, до ул.„Ѓорче Петров“, па од ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во Општина Аеродром од 10:00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче.

МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од униформираните полициски службеници.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје