Посебен сообраќаен режим и безбедносни мерки за време на Преспа форум за дијалог во Струга

Од:

СВР Охрид и ОВР Струга преземаат соодветни безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во пресрет на одржувањето на годинашниот Преспа Форум за дијалог 2023 (ПФД-2023) што утре и в петок ќе се одржи во Струга.

Активностите, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на одредени објекти, локации и сообраќајници, каде е предвиден престој и движење на најавените делегации.

– Со оглед на исклучително значајниот настан, кој ќе се одвива во Струга, апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците и другите локации, изјави Димоски за МИА.

Според него, денеска од 16 часот на сила ќе биде забраната за паркирање и сообраќај на моторни и други возила на улицата „Партизанска“ од кружната крстосница со „Маркс и Енгелс“ до „Владо Малески“ и улицата „15 корпус“.

– Под посебен сообраќаен режим и сообраќајно обезбедување утре ќе бидат и останатите локални и регионални патишта со посебен акцент на улицата „Партизанска“ како и на дел од магистралниот пат Струга-Ќафасан, каде ќе има повремен прекин на редовниот сообраќај заради приоритет на движење на возилата под придружба, додаде Димоски.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски