Посебен режим на сообраќај во Скопје поради верскиот празник Водици

Од:

За време на одбележувањето на верскиот празник Водици, сообраќајната полиција во Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, информираат денеска од МВР.

Оттаму додаваат дека во текот на денот, во периодот од 10 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците Филип Втори до булеварот Гоце Делчев и улицата Кеј 13 Ноември до булеварот„Кочо Рацин.

Во општина Ѓорче Петров, пак, од 10 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по булеварот Партизански одреди, десно по улицата Ѓорче Петров, лево по улицата Васил Чакаларов. Од црквата „Свети Пантелејмон“ привремено ќе бидат затворени улицата Демир Трајко и лево улицата Васил Чакаларов до Железничкиот мост на реката Вардар, соопштуваат од МВР.

Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид