Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавен протест од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Поради најавен протест организиран од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска, утре и в четврток во Скопје, во периодот од 15 до 17 часот, за сообраќај ќе бидат затворени крстосницата помеѓу булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“ (ТЦ Мавровка), крстосницата помеѓу булеварот „Св. Климент Охридски“ и улицата „Св. Кирил и Методиј“ (зграда на Нова Македонија) и крстосницата помеѓу улицата „11 Октомври“ и улицата „Филип Втори Македонски“ (Градска болница), информира Министерството за внатрешни работи.

Од тие причини, како што посочуваат, Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените и околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ