Посебен режим на сообраќај в сабота во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека на 14 мај, сабота, во периодот од 09.00 до 12.00 часот, поради натпревар „Триоги Триатлон“, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по одредени сообраќајници во Скопје.

Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и по десната коловозна лента од булеварот „Илинден“, потоа на потегот од крстосницата на булеварот „8 Септември“ до крстосницата со улицата „Љубљанска“ и обратно, велат од МВР.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја