Посебен режим на сообраќај в недела во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи известува дека на 14 мај, недела од 08.30 до 12.30 часот поради одржување на триатлон натпревар, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и дел од бул.„Илинден“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со бул.„8 Септември“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“ и обратно.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава