Португалија се надева дека по изборите во Бугарија ќе се најде решение за старт на преговорите меѓу С. Македонија и ЕУ

Од:

Државниот секретар за европски прашања на Португалија Ана Паула Закаријаш, изрази надеж дека парламентарните избори во Бугарија на 11 јули ќе донесат решение за бугарското вето за отворање на разговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Таа очекува Словенија, како земја од регионот, која го презема ротирачкото претседателство со ЕУ од 1 јули, да помогне да се најде решение за проблемот.

Закаријаш во изјава за Бугарското национално радио, вели и дека треба да се почитува бугарската позиција и да не се воведуваат несогласувања во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија

-Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија, станува збор за историјата, културниот идентитет на двете земји, како и за идната соработка. Тие во моментов работат на патоказ што треба да им помогне во соработката, а Бугарија да има гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, работите ќе се одвиваат без попречувања, изјави Закаријаш.

Според неа, Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција, заради кои го смени своето име. Во исто време, и проблемот меѓу Софија и Скопје е многу тежок затоа што е поврзан со јазикот и културните димензии на двете земји.

– На 11 јули во Бугарија ќе има нови избори и мислам дека бугарските власти ги очекуваат резултатите пред да одлучат како да постапат, истакна Закаријаш.

Вели дека е многу важно несогласувањата меѓу двете земји да не се внесуваат во ЕУ и оти Бугарија е под притисок да најде компромис.

– Мислам дека времето не беше соодветно за решение. На Бугарија и требаше повеќе време да разговара за овие прашања. Дали ќе има избори или не, сметам дека преговорите со Северна Македонија мора да продолжат, особено во однос на патоказот, кој мора да биде јасен. Двете страни се обидуваат да го искажат својот став – Бугарија секогаш велеше дека не е против членството на Северна Македонија во ЕУ, напротив, таа сака да биде таму, вели државната секретарка за европски прашања на Португалија чија земја претседаваше со ЕУ во првата половина од годинава.

Закариаш заклучува дека треба да има јасност во некои аспекти и додава дека е потребно повеќе време, поголема претпазливост и дека дебатата мора да продолжи.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини