Портокалова фаза, температури над 40 степени и УВ индекс 10

Од:

Многу топло време со високи температури ќе биде во следните десет дена поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Утринските температури на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните над 40 степени. Во некои делови се очекува максимална температура од 43 степени. УВ индексот ќе има многу висока вредност – 10.

Како што соопшти УХМР, во скопското подрачје ќе се задржи многу топло време со минимална температура над 20, а максималната над 39 степени. УВ-индексот ќе има многу висока вредност – 10.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево и многу топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени