Поројот однесе дел од атмосферската канализација во Кочани

Од:

Поројните дождови и високиот водостој на Кочанска Река оштетија дел од цевководот на атмосферската канализација во коритото на реката во централното подрачје на Кочани.

Дефектот го оневозможи собирањето на надојдената вода по улиците, поради што постоеше опасност од излевање во околните објекти, пред се во Трговскиот центар.

– Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ брзо интервенираше и постави нови цевки за атмосферска канализација во должина од 40-ина метри, по течението на реката во близина на Центарот за култура. Ова е само еден од поголемите дефекти што настанаа од невремето во општината. Нашите екипи континуирано се на терен и настојуваме соодветно да одговориме на задачите, истакна директорот на „Водовод“, Андреј Киров.

Од „Водовод“ најавија интервенции на уште неколку улици во Кочани каде се појавиле слични проблеми, а за што добиле и повици од граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот