Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од:

Во земјава попладнево имаше развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи во планинските подрачја на североисток. И во Скопската котлина е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината и во форма на невреме со појава на град.

Како што соопшти УХМР, до крајот на денот ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за невреме со град.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во следните денови ќе се задржи сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Утре ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец што ќе предизвика дневната температура во следните денови да биде пониска за неколку степени.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Земјоделците да ги прилагодат своите активности на временските промени, апелираат агрометеоролозите

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар