Породилното отсуство се продолжува додека трае вонредната состојба

Од:

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба ќе може да останат дома цело време додека трае вонредната состојба. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека се подготвува законската измена која ќе овозможи продолжување на породилното отсуство.

„За породилното отсуство дискутиравме со Фондот за здравство но се дискутираше и на Централниот штаб во Владата. Се бара законска измена за да може породилното отсуство да се продолжи бидејќи мајките во овој момент не можат да ги запишат децата во градинките. Отако ќе најдеме соодветно решение ќе соопштме на јавноста за понатамошно постапување“, рече министерот за здравство Филипче.

Вонредната состојба во рок од 30 дена претседателот Стево Пендаровски ја прогласи на 18 март. Претседателот Пендаровски вчера соопшти дека состојбата е се уште сложена и најави дека до истекување на рокот на веќе прогласената вонредна состојба тој уште најмалку еднаш ќе го свика Советот за безбедност пред евентуално продолжување на вонредната состојба.

Би можело да ве интересира

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси