Породилното отсуство продолжува да важи до завршувањето на времените мерки

Од:

Министерството за здравство информира дека согласно уредбата со законска сила донесена од Владата на Република Северна Македонија, породилното отсуство продолжува да важи до завршување на времените мерки за справување со вирусот COVID-19, со цел да се обезбеди заштита и грижа на децата.

„Секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање или посвојување по прогласување на вонредната состојба има право да продолжи да го користи породилното отсуство, а со тоа продолжува да го користи и надоместокот на плата.

Отсуството од работа на работничката поради бременост, раѓање и/или посвојување продолжува до завршување на времените мерки, а надоместокот на плата продолжува да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки и истото не е поврзано со вонредната состојба“, соопштуваат од МЗ.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска