Приведен поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски

Од:

Поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија (НСДП) Љубомир Јосифовски упаднал во компјутерскиот систем на Централниот регистар, неовластено ги користел броевите за нарачки на производи и давал системски команди за нови нарачки со што ја оштетил институцијата за 35 милиони денари, дознава „А1он“.

Јосифовски синоќа бил приведен во полициската станица „Центар“, а екипи на МВР направиле претрес во станот во Скопје,  каде што тој  под кирија престојувал и од каде што ги правел нарачките . По обезбедувањето на материјалните докази пратеникот бил пуштен на слобода. Извори за „А1он“ велат дека денес против поранешниот пратеник ќе биде поднесена кривична пријава за делото „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

„Лицето Љубомир Јосифовски со намера да се стекне со противправна имотна корист, преку неговиот контролорски акаунт навлегол во компјутерскиот систем на Централниот регистар при што неовластено ги користел броевите за нарачки на производи и дополнително извршувал системски команди со кои правел нови нарачки во позадински систем и од него добивал нови податоци. Со ова дејствие на Централниот регистар, согласно неговата тарифа, му причинил штета во висина од 35 милиони денари во временски период од јануари до септември 2019 година“, стои во документите до кои дојде „А1он“.

Јосифовски од изнајмениот стан 30 пати неовластено влегол во компјутерскиот систем на Централниот регистар во периодот од јануари до крајот на август.

Случајот во секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Бирото за јавна базбедност во МВР го пријавиле од Централниот регистар.

Од МВР потврдија дека Јосифовски синоќа бил приведен.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Биро за јавна безбедност при МВР на РСМ, на 02.09.2019, по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија и консултација со надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, го лиши од слобода лицето Љ. Ј. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РСМ“, информираа денеска од МВР.

Јосифовски беше пратеник од редовите на НСДП во Собранието во периодот од 2014 – 2016 година. Минатата година Јосифовски се кандидираше за претседател на НСДП, но на седница на Централниот одбор на партијата беше одлучено Петковски да биде единствен кандидат.

Би можело да ве интересира

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

МВР: Скопјанка нападнала новинар, но и полициски службеник

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов