Се бираат антикорупционери, Алтанџиева: Не паѓам на политички притисоци

Од:

Кандидатот Тања Алтанџиева која се пријавила на јавниот повик за член на Антикорупциската комисија, долги години била дел од државните институции. Таа прво била заменик министер за локална самоуправа, потоа заменик министер за правда, член на Државната изборна комисија предложена од СДСМ, за една година по оваа функција да зема апанажа. Од 2010 работела во адвокатска канцеларија. За Алтанџиева искоренувањето на корупција е далечна цел, а прво на кое треба да се работи, според неа, е да се врати имиџот. Алтанџиева немаше конкретни одговори на прашањата од комисијата која ја интервјуираше.

„Предизвик ми беше да се пријавам на конкурсот. Отсуството на државната антикорупциска комисија е рак рана. Мој личен предизвик кога би била избрана би било поставување на централно место на комисијата како фундамент кој ќе соработува со сите државни институции кои се заминаваат со откривање на корупција. Искоренувањето на корупцијата е далечна цел, а примарната е да се врати довербата кај граѓаните. Треба да го врати сопствениот имиџ, да има план за работа“, рече Тања Алтанџиева како потенцијален член на Антикорипциската комисија.

Алтанџиева не ја гледа комисијата како анкетар и собирач на анкетни листови, туку како антикорупциска која ќе изготви методологија која нема да има селективност, пристрасност, притисок од политички партии.

„Јас никогаш не сум потпаднала под влијание на законито или незаконито однесување. Легалистичкиот прицип ми е приоритетен. Не би дозволила влијанијата на политички партии да ме одвлечат од професионалната работа“, додаде Алтанџиева на интервјуто во Собранието.

Запрашана да посочи случај на Комисијата за спречување на корупција и да каже како било постапено, а како таа би постапила, Анталниџева рече „Сега, не се сеќавам“.

„Независно што сум била член на полтичка партија и предлог од политичка партија во високи државни институции, можам да гарантирам за високо професинално делување“, рече Алтанџиева на прашањето „Дали сте спремни за решавање на 53 случаи од кои дел се однесуваат на членови на извршната власт?“.

На конкурсот за избор на Комисијата за спречување на корупција биле пријавени 80 кандидати, од кои, 22 лица не ги исполнувале условите.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ДКСК: Работиме според законските надлежности, борбата против корупцијата останува непроменета

Горан Наумовски

Андоновски: Ова фрла дамка на ДКСК, но се надевам дека останатите членови успешно ќе продолжат да работат

Левица: Каков имот кријат функционерите на ДПМНЕ и зошто ДКСК не реагира

Предраг Петровиќ

Левица: Антикорупционерот Димитровска, избрана со максимум бодови од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – го олицетвори трулиот систем

Кривичен одлучи: Мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК осомничена во предметот „Адитив“

Oбвинителството бара мерки за претседателката на ДКСК во рамки на предметот „Адитив“