Поранешен министер под истрага за перењето пари во НЛБ

Од:

Обвинителката Ивана Трајчева од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција донела наредба за вештачење во предметот за злоупотреба на службената положба и перење пари во НЛБ банка, потврдија од институцијата за „Макфакс“. „Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за економско-финансиско вештачење во предметот. По пристигнување на вештачењето, прибирањето на сите докази во предметот, нивно разгледување и анализа ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука“, соопштија од Обвинителството за „Макфакс“. Истрагата беше отворена лани во мај, а ја водеше обвинителката Лидија Раичевиќ.

Од Обвинителството тврдат дека и натаму преземаат истражни дејствија. Истрагата се води против осум лица кои се осомничени за „злоупотреба на службената положба и овластување“, четворица од нив се гонат и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.​ Со истрагата опфатени се ексминистер од Владата на Груевски и Ахмети, ексдиректор на НЛБ Банка, адвокат, нотар и други лица, како и едно лице државјанин на Словенија.

Од Обвинителството се сомневаат дека осомничените во периодот од 2006 до 2017 година основале фирми, подигале кредити и префрлале пари во Словенија и во австриски фирми, а потоа дел од средствата ги инвестирале во отворање нови фирми и купувале недвижен имот во Битола.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски