Порака на Мемети по повод Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура

Од:

Народниот правобранител на Република Македонија Иџет Мемети денеска испрати писмена порака по повод 26 јуни-Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура, во која ја нагласува потребата од поддршката на жртвите од  оваа појава.

– Ние, омбудсманите-Национални превентивни механизми од Југоисточна Европа  по повод денешниот ден-Меѓународен ден за поддршка на жртвите од тортура ја нагласуваме потребата од поддршката на жртвите од тортура, која е од особено значење имајќи во предвид дека тортурата е еден од најкомплексните начини на повреда на правата, така што со неа не само што се нанесува физичка и психичка болка, туку се повредува и човечкото достоинство, како и личниот интегритет на лицата врз кои се применува, вели Мемети.

Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура, како што истакнува, е денот кога ја искажуваме нашата заложба за ефикасно истражување на сите облици на тортура.  Мемети додава дека борбата против тортурата треба да се одвива постојано, бидејќи истата е апсолутно забранета и недозволива без разлика која е целта заради која може да биде сторена.

– Преку откривање на тортурата која се извршува од страна на јавни/државни службеници се зголемува одговорноста на општеството за ефективна и континуирана поддршка на жртвите од тортура, како и преземање на мерки со цел намалување на оваа појава во иднина. Посетите кои ги спроведуваат Националните превентивни механизми се само дел од мозаикот на активности кои се превземаат со цел превенција од тортура како и другите видови на сурово, нечовечно или понижувачко постапување, посочува народниот правобранител.

Постоењето на сеопфатна стратегија за спречување на тортурата, како што вели Мемети, бара интегриран пристап кој во себе комбинира законска рамка со која се забранува тортурата, делотворно спроведување на таа рамка, како и постоење на соодветни механизми кои ќе вршат мониторинг во имплементацијата на домашните и меѓународни стандарди со цел детектирање на можни ризици и отклонување на истите заради превенција од тортура или друг вид на сурово, нехумано или понижувачко постапување.

Народниот правобранител додава дека размената на искуствата и добрите практики, како и информации за создавање на услови за ефикасно спроведување на овластувањата во местата на лишување од слобода се уште еден дополнителен момент во борбата против оваа појава.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител

Народен правобранител одбележа 25 години од основањето на институцијата

Протест на вработените во Народниот правобранител – незадоволни од платите и статусот кој го имаат како службеници