Поради жештините ново работно време на општинарите во Кавадарци

Од:

Со одлука на градоначалникот Александар Панов, се врши времена промена на работното време на општинската администрација во Кавадарци. Причина за промената на работното време се високите температури и топлотниот бран.

– Општина Кавадарци-локална самоуправа од понеделник 27 јули 2015 година ќе започнува со работа од 07:00 часот наутро, а работниот ден завршува во 15:00 часот полпадне, соопшти денеска Службата за информирање при локалната самоуправа.

Оттаму нагласија дека промената во почетокот на работното време на општинската администрација е предизвикана од високите температури и топлиот бран кои деновиве владеат во земјата и регионот.

– Градоначалникот ја донесе оваа одлука во интерес на здравјето на граѓаните, ефикасноста на работењето на оштинската администрација, а согласно препораките на медицинските лица и надлежните владини институции, соопштија од Службата за односи со јавноста.

Со нормализирањето на временските прилики и намалувањето на екстремните летни температури, во општинската администрација веднаш ќе се врати вообичаеното работно време.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци