Поради зачестени пожари, дебарската ТППЕ апелира да се чистат оџаците

Од:

Од почетокот на годинава дебарската Територијалната противпожарна единица интервенирала во гаснење на седум пожари, од нив дури четири предизвикани од неисчистени оџаци.

Според командирот на единицата Џетан Мифтароски, два од пожарите се во Дебар, еден во селото Жировница и еден во Ростуше. Благодарение на брзата интервеција спречени се поголеми последици, посебно при пожарот во Ростуше бидејќи имало опасност да се прошири и на соседните куќи.

– Минатата година имавме 17 интервеции на опожарени оџаци. Поради тоа препорачуваме да се почитуваат препораките за редовно чистење на оџаците не само од страна на домаќинствата туку и правните субјекти кои за затоплување користат разни грејни тела, вели Мифтароски.

Според првиот човек на дебарската ТППЕ, согласно правилникот на Дирекцијата за заштита и спасување, домаќинствата задолжително треба двапати во текот на грејната сезона да ги исчистат оџаците, додека правните субјекти, без оглед каков вид грејно тело користат, тоа треба да го прават еднаш месечно.

Во поширокиот дебарски регион дури 80 отсто од домаќинствата за затоплување на своите домови користат огревно дрво.

Статистката на единицата, која интервенира и во општина Центар Жупа и подрачјето на Река, потврдува дека во текот на минатата година, регистрани се 89 интервенции, од нив 28 при пожар на објекти, 17 од нив опожарени оџаци, 56 пожари на отворен простор и пет интервенции при сообраќајни несреќи. Причинетата материјална штета од пожарите се проценува на околу 110 илјади евра.

Споредно со претходната година, имало 12 интервнции помалку, што се должи и на повисоката свест на населението, оценува Мифтароски, кој нагласува дека брзата интервенцја е резултат на добрата опременост и професионалноста на пожарникарите.

Би можело да ве интересира

Во пожар на семејна фарма настрадаа 1.500 свињи

(ВИДЕО) Голем пожар во фабрика за автомобили – црн облак го покри небото над Барселона

А1он

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Жена изгоре во голем пожар во скопската населба Пинтија

Малолетник e повреден во пожар во стан во Центар

Горан Наумовски

МВР: Пожарот пламна во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени

Горан Наумовски