Поради врнежи од снег забрана за движење на товарни возила на Стража

Од:

Поради интензивни врнежи од снег од 18:30 часот на планинскиот превој Стража е воведена забрана за движење на товарни возила, соопшти АМСМ.

Претходно беше воведена забрана за сообраќај за сите видови возила поради голем одрон на патниот правец Македонски Брод – Скопје. Голем одрон има на потегот Близанско-Козјак на 1,6 километри после браната, поради што во 17:45 часот е воведена забраната за сообраќај.

Прекин во сообраќајот има на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија поради излевање на реката Вардар на коловозот.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница.

На патниот правец Демир Капија – Корешница е воведена забрана за сообраќај на лесни возила поради излевање на реката Вардар на коловозот.

Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.

Поради зголемување на нивото на реката Брегалница, превентивно е затворен патниот правец од Ново Село кон Радовиш.

Сообрачајот на локалниот пат за село Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, е во прекин и се одвива преку село Подареш-Радовиш.

Регионалниот патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на патниот правец Скопје – село Брезница – Кула – Коломонт – Македонски Брод е во прекин поради големи одрони од камења на делот Коломонт – Близанско.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег, соопшти АМСМ.

Би можело да ве интересира

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар