Поради сообраќајка пренасочување на сообраќајот кај село Српци

Од:

Магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на село Српци од 4:40 часот е затворен за сообраќај во двата правци поради сообраќајна несреќа. Како што информира АМСМ, сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

Од вчера (16 септември) има измена на режимот на сообраќајот на магистралниот пат А2, делница Кичево-Охрид (Пресека-Песочани) поради изведување на градежни работи. Режимот на сообраќај е предвиден со преминување од една на друга сообраќајна лента, а ќе трае до завршување на градежните работи.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он