Поради сервисот за миење возила го убил братот

Од:

Шеесет и четиригодишен Слободан Стојчевски вчера со нож го уби неговиот 11 години помлад брат Бранко Стојчевски по расправијата за сервисот за миење на возила „Монца“.

Убиството се случило во сервисот по расправијата која прераснала во физичка пресметка по што Слободан Стојчевски со нож неколкупати го прободел својот брат во пределот на градите.

Иако вработените во сервисот интервенирале и успеале да му го одземат ножот на Слободан Стојчевски, неговиот брат веќе имал обилно крварење и подоцна подлегнал на повредите во Клиничкиот центар во Скопје.

Убиецот е спроведен во полиција и денеска ќе биде изведен пред истражен судија.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски