Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа денеска 10 часа без струја

Од:

Жителите на градот Ресен и на сите населени места во Преспа денеска од 8:00 до 18:00 часот ќе бидат без напојување со електрична енергија, поради реконструкција на дистрибутивната мрежа.

Како што информираат од „ЕВН Македонија“, во вој период екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на жителите на Ресен и Преспа.

– Поради реализација на зафатот, во овој период без снабдување ќе остане цела Општина Ресен, односно градот Ресен и сите населени места во Преспа, велат од „ЕВН Македонија“.

Би можело да ве интересира

Без струја утре делови од Кисела Вода, Чаир, Карпош и Сопиште

Во понеделник и во вторник без струја делови од Волково, Лисиче, Карпош и од Сарај

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја

Без струја дел од корисниците од Центар и Бутел

Делови од Карпош, Кисела Вода и неколку скопски села утре без струја

Утре без струја делови од Аеродром, Кисела Вода и Илинден