Поради проширување на шините на станицата Клисура вечерва возот од Гевгелија за Скопје каснеше два часа

Од:

Возот кој попладнево во 16:55 часот тргна од Гевгелија и кој во Велес по возен ред пристигнува околу 18:50 часот, вечерва каснеше цели два часа и пристига дури во 21 часот. Како што информираа од Железничката станица во Велес причината за доцнењето било проширување на шините на железничката пруга како последица од високите температури на железничката станица Клисура.

Поради доцнењето на возот голем број на патници на станиците во Градско и Велес револтирани реагираа до МЖ транспорт поради долгото чекање на возот.

Тие информираат за МИА дека неделава овој воз Гевгелија –Скопје скоро секој ден доцни по 60-тина минути., а најмалку по 30-тина.

Вечерва во Велес 60 минути каснеше и попладневниот воз кој од Битола оди за Скопје преку Велес, кој од станицата во Битола поаѓа во 18:24 часот.

Револтираните патници кои редовно патуваат со возовите се жалат до Македонски железници транспорт бидејќи скоро секој ден возовите каснат најмалку пола до еден час, па дури и по неколку часа, поради што не можат навреме да стигнат на работа, на закажано на лекар и по други потреби.

Би можело да ве интересира

Оштетена пруга и разнесен товарен воз во рускиот Брјански регион

Горан Наумовски

Воз прегази скопјанец кај булеварот „Србија“

Катерина Ѓуровски

По 10 дена прекин, повторно сообраќа единствениот воз Скопје-Битола

Возот утринава пристигна навреме во Велес по вчерашното седумчасовно доцнење

Од среда возови од Скопје кон Битола и обратно ќе сообраќаат еднаш дневно

Мигрант тешко повреден од струен удар