Поради пожар затворен граничниот премин „Богородица“

Од:

Поради пожарот што попладнево избувна на потегот меѓу месноста Милци и Граничниот премин „Богородица“, сообраќајот на овој граничен премин е во прекин и возилата се пренасочуваат на граничниот премин „Дојран“, информираа од АМСМ.

Сообраќајот на ГП „Богородица“ ќе биде нормализиран откако екипите на ЕВН ќе проверат дали е безбедно објектот да се приклучи на електрична енергија.

Пожарот поради ветрот се движеше кон границата со Грција, поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.

Според последните информации, огнот во делот во близина на ГП „Богородица“ е изгаснат.

Би можело да ве интересира

Над 16.000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан