Поради одрон, сообраќајот на патот Катлоново-Велес се одвива по една коловозна лента

Од:

На патниот правец Катланово – Велес пред с. Сопот, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На самото место се екипите на ЈП Македонијапат кои работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на планинскиот премин Стража и на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово и на планинските премини Ѓавато и Пресека. Во Крушево врнежите се од дожд и снег. Овие врнежи во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри има на патниот правец Тетово – Шипковица, до 100 метри во Крушево и на планинскиот превој Ѓавато и до 70 метри на планинскиот превој Плетвар.

Би можело да ве интересира

Магла на патиштата во Струмица и Тетово

Сообраќајот на Плетвар е во прекин поради сообраќајна несреќа

Изгасната е цистерната, отворен е патот Струмица-Радовиш

Катерина Ѓуровски

Запалена цистерна, затворен патот Струмица-Радовиш

Катерина Ѓуровски

АМСМ: Во прекин локални патишта во Крива Паланка, на граничниот премин Богородица за излез се чека околу 30 минути

Регионалниот пат Валандово – Струмица, кај Валандовско Брдо во прекин за камиони и автобуси