Поради немање кворум прекината 120. собраниска седница

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски поради недоволниот број пратеници ја прекина 120. седница, а продолжението ги закажа за во 14 часот.

На дневен ред на оваа седница се Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за периодот од 15 март до 15 септември годинава и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

На собраниската седница и претходеше координација на пратеничките групи за текот на седницата и распоредот на дискутантите.

Во моментов по шестмесечниот Извештај за активностите на Специјалното јавно обвинителство се дебатира на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Комисиската расправа почна во среда минатата недела.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик