Поради недоволно пари за транспорт, притворените од затворите не се спроведувале на судењата

Од:

На денешната седница на Судскит совет членовите ја разгледаа точката за неспроведување на притворените и обвинети лица на судските рочишта.

Александра Зафировска на седницата рече дека 50% од причините поради кои се одложуваат судењата е токму неспроведувањето на обвинетите и притворени лица од казнено-поправните установи каков што е Идризово.
-По 15, по 17 пати се одложуваат рочиштата за еден предмет поради неспроведување на притворените и обвинети лица, рече Зафировска.

Членовите на Советот, на кој не присуствуваше министерот за правда, Биљен Саљији, побараа средба со министрите за финансии и за правда, како и средба со директорот на Управата за извршување санкции за да се изнајде решение за проблемот. Како причина за неспроведувањето на притворените и обвинетите се наведува немањето пари за услови и за транспорт на притворените лица.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски, изјави дека набавката на три возила за пренос на притворени лица е на Управата за извршување санкции и дека ова прашање постои со години. „Со сите судии кривичари коишто имаат некое лице во притвор или во затвор договоривме определени денови во кои ги закажуваа судењата за полициското возило од затворот да носи повеќе лица со еден трошок, и така ги надминуваме проблемите“. Во последните месеци има случаи во скопска единица кога притворените лица не се носат на судењата. За ова, како што рече Караџоски, многупати е предупредено. „Доаѓаме до комплетна блокада“, изјави првиот човек на Судскиот совет. Ако е проблем буџетот, треба да го надмине Владата бидејќи ние не можеме сами да го решиме.

Би можело да ве интересира

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ