Поради интензивни врнежи од снег, забрана за камиони на патот Крива Паланка – Деве Баир

Од:

Поради интензивни врнежни од снег, на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најави претежно облачно време со повремени врнежи кои поради спуштање на студен воздух од север речиси насекаде ќе преминуваат во снег, освен на југоистокот. Врнежи повеќе ќе има во претпладневните часови во централните и источните делови од земјава, а попладне постепено ќе се преместуваат кон исток и ќе престануваат.

Претходно ЈП „Македонија пат“ апелираше до возачите да ја прилагодат брзината кон условите на патиштата поради интензивните врнежи од снег кој надоаѓа од север.Потребно е особено внимателно управување на возилата на планинските премини.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Студен бран во Македонија и дел од регионот

А1он