Поради големото загадувањето кај Подградец загрозена флората и фауната во Охридско Езеро

Од:

Охридското Езеро кај Подградец останува дестинација во која се испуштаат отпадни води од различните бизниси, кои секоја канализација ја имаат насочено во езерото без оглед на загадувањето кое го причинуваат, јавуваат албанските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, загадувањето станува уште позагрижувачко ако се има предвид дека во езерските води се испуштаат разни хемикалии, кои и се закануваат со уништување на богатата флора и фауна на Охридското Езеро. Високото присуството на фосфати и други загадувачки материии условиле локалната власт да алармира за заканата од уништување на рибниот фонд.

– Локалната власт заедно со ЈП „Водовод и канализации“ превземаме мерки за третирање на хемикалиите за да се избегне помор на рибата и уништувањето на флората и фауната, но сметаме дека треба уште многу да се стори за да се подигне свеста кај луѓето дека уништуваат едно богатство кое ретко кој го има, изјави потпретседателот на општината Дритам Хамзалари.

Карактеристика на Охридското Езеро е чистата вода, но човековата негрижа придонесе во последните две децении да се измени оваа ситуација.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид