Поради големиот интерес, рокот за идејно решение за салата „Градски Парк“ продолжен до 01.09.2017

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, донесе одлука за продолжување на рокот за објавениот конкурс за изработка на идејно решение за повеќенаменска спортска сала „Градски Парк“.

Поради големиот интерес од архитекти-физички и правни лица, како и на барање и од страна на Асоцијацијата на архитекти, а со цел да се добие најквалитетното решение и да учествуваат што поголем број лица, рокот за изработка на идејното решение ќе биде до 01.09.2017 година.

Оваа сала со капацитет од 3.000 гледачи ќе биде новиот дом на најтрофејниот клуб КК „Работнички“ и ќе се наоѓа на местото на сегашната сала и поширокото окружување.

Салата ќе биде проектирана како повеќенаменска, изградена по сите светски стандарди за овој тип градби. Во неа ќе се одржуваат тренинзи и натпревари за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, боречки вештини и тенис, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар