Поради 23 новозаразени и двајца починати од коронавирусот, Куманово бара 14-дневен карантин

Од:

Кумановската болница евидентирала 23 новозаразени во Куманово и двајца починати од коронавирус во изминатото деноноќие, извести градоначалникот Максим Димитриевски. Тој побара Владата да итно да го разгледа неговиот предлог за прогласување на 14-дневен карантин во Куманово, по примерот на Дебар, оти смета дека тие се закана за жителите на останатите градови.

„Куманово денеска има 23 нови позитивни случаи и двајца покојни. Вкупната бројка во Куманово е 224 позитивни лица до сега или вкупно 12 починати. Возраста се движи од 59 до 79 години. Ве информирам дека бројката која доаѓа од Централниот кризен штаб, се однесува на бројка на заболени и починати на Куманово заедно со општината Липково. Сочувство до семејствата на починатите. Ние сме сите заедно со нив, ќе се бориме заедно за нивно закрепнување и поддршка на здравствените работници во градот“, рече градоначалникот Димитриевски.

Тој бара да се спречи заразата исто како во Дебар, барање кое Куманово го имаше уште пред две недели, притоа, потенцираше дека се гордее со кумановчани бидејќи не го прекршиле полицискиот час.

„Предлагаме 14-дневен контролиран карантин во Куманово и воведување на кризна состојба во општина Куманово, затворање на влезови и излези во градот, а олеснување да има само за лица кои ќе вршат работни задачи, а градот да го напуштаат со претходна дозвола, како и да поминуваат на дезинфекција на посебни пунктови“, додаде градоначалникот.

Според него, треба да се направи реорганизација во Општата болница-Куманово.

„Воедно, сакам да напоменам дека за Општа болница Куманово каде имаме 44 позитивни лица од персоналот, Комисијата за здравство треба да донесе одлука за реорганизација на персоналот. Изразуваме поддршка до оние кои работат во болницата. Им стоиме на располагање“, рече Димитриевски.

Градоначалникот потенцираше дека бараат прогласување на кризна состојба во градот, за институциите на државата да се вклучат во борбата со коронавирусот, по примерот на Дебар, кој според него, дал резултати.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска