Поптишан Колективен договор помеѓу УПОЗ и општина Крива Паланка

Од:

Денес во просториите на општина Крива Паланка се потпиша Колективен договор меѓу Синдикатот на УПОЗ и општина Крива Паланка.

Чинот на свеченото потпишување на Колективниот договор за административните службеници и други вработени во општина Крива Паланка,беше спроведен од страна на претседателот на синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, претседателот на синдикалната организација при општина Крива Паланка, Зоран Павловски и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски како работодавач.

Во оваа прилика градоначалникот Мицевски рече дека ова е значаен ден и за Македонија, која денес го потпиша Протоколот за членство на Македонија во НАТО и за општина Крива Паланка, која денес, за прв пат потпишува колективен договор за административните службеници и други вработени во општината.

– Ние сме четврта општина во Р. Македонија, која успеа да потпише ваков договор, кој е резултат на досегашните заеднички активности и залагања помеѓу договорните страни, а се во насока на изнаоѓање на заенички прифатливо решение, регулирање и унапредување на законските права на вработените во општина Крива Паланка.

Колективниот договор е задолажителен и обврзувачки за вработените и работодавачот и тие како договорни страни, треба во целост да ги применуваат одредбите кои се однесуваат на нивните права и обврски.

Поптишувањето на Колективните договори помеѓу социјалните партнери, беше еден од приоритетите и на Владата на Р. Македонија, која имаше реални согледувања и покажа големо рабирање за потребата од унапредување и подобрување на правата на вработените,бидејќи во годините наназад беа донесени бројни закони и законски измени и голем број решенија кои несоодвејствуваат со времето во кое живееме, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски