(ВИДЕО) Поповски: Кандидатите нема да користат државни ресурси за време на изборната кампања

Од:

Министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски даде отчет пред јавноста за работата на ресорното министерство во првите 100 дена од Владата.

Како едно од поважните одлуки министерот Поповски ја издвои одлуката на Владата за забрана за користење државни ресурси за време на изборната кампања.

Поповски во своето излагање истакна дека во првите сто дена од новата Влада, ресорното министерство направило многу во поглед на транспарентност и помош за медиумите, со донесување на одлуката тие да имаат бесплатен пристап до информации од Централниот регистар и Катастарот.

Министерот на прес конференцијата информираше дека се водат темелни истраги за заканите кон новинарите кои се случувале изминатите години со цел да биде овозможено слободно информирање на граѓаните.

Како дел од мерките што биле преземени во изминатите 100 дена, Поповски го истакна редовното објавување на дневниот ред, на седниците на Владата и брифинзи со медиумите по седниците, за што кажа дека досега претходната Влада не го практикувала тоа.

За крај ресорниот министер изјави дека оваа Влада има намера да направи најобемна достапност во поглед на информирање за својата работа, до граѓаните, при што ја спомна и мерката со која граѓаните и медиумите можа бесплатно да се информираат за сите настани и случувања од информативната агенција.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма