Поповска: Зарем некој ликува што Врховен на Вангеловски потврдува казни за измислени „дела“ на невини луѓе?

Од:

„Морам да реагирам на некои материјални неточности изнесени во јавноста, по повод мојот допис за полициско-политичкиот монтиран случај „Музеј“, во кој настрадаа шест невини луѓе, меѓу кои и двајца од ДОМ.

Заради изнесените паушални оценки за случајот, да појаснам: Врховен суд неодамна ги одби жалбите за казните кои беа ВЕЌЕ ОДЛЕЖАНИ ВО ПРИТВОР, за кој судот во Стразбур одлучи дека е НЕОСНОВАН. Претходно, во март 2015, Основниот суд имаше досудено драконски казни од вкупно 31 година. По жалба, на Апелација беа отфрлени половина од „случаите“, а пресудено само за по еден на човек, колку да се покрие скандалозниот и неоснован притвор од 8,5 месеци до 2 години и 3 месеци!

Ме изненадија поединечни реакции, како некој да ликува со одлуката на Врховниот суд да им ги потврди казните за измислени „дела“ на невини луѓе!? Не е убаво ситење над туѓа несреќа, особено кога се работи за неправда.

Како да се верува во одлуките на судот, по се што се слушна и разбра за начинот на распределба на предметите со заобиколување на АКМИС-от, за нарачките и за пресудите?? Впрочем, овој метод на работа на правосудните органи во изминативе три години беше детално анализиран, илустриран и посведочен со многу примери, а е дел и од извештајот на Прибе“ се вели во соопштението на Лилјана Поповска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповска: Законот за родова еднаквост посегнува по децата преку модерно сексуално образование

Предраг Петровиќ

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог