Поповска: Распуштањето на Парламентот без опозиција ќе значи бојкот и немири на улиците

Од:

На седницата на која се расправа за распуштање на Собранието, Павле Трајанов од ДС предупреди дека ова ќе значи нова безбедносна криза и опасност од излегување на народот на улица.

Роза Каровска Топузова рече дека ќе гласа за распуштање на Собранието. За неа е нормално секоја политичка криза да заврши со предвремени избори и тие треба да се одржат на договорениот датум.

„Имам само една дилема. Точно е дека со одлуката не се крши Уставот. Но дали е политички исправна одлуката која ќе важи од 24.февруари да ја гласаме денес. Ова не е исправно. Дали ова не е притисок кон опозицијата. Мудро ќе беше од мнозинството одлуката да се донесе на 24.февруари“, рече Каровска Топузова.

„Демократија е компромис и дијалог а не надгласување. Нема да имаме поголема демократија и подобар Парламент без најголемата опозициска партија. Ова е тажен ден. Колку и да го критикував договорт од Пржино, сепак требаше да се даде шанса на договорот. Се плашам дека ова ќе биде вовед кон поголема криза“, рече независната пратеничка Солза Грчева.

Со Грчева не се согласи Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ. За него ова е демократски ден и голем чин.

Лилјана Поповска од ДОМ, рече дека се залага за стабилна економија и мирна разрешница на политичката криза. Одлуката за распуштање треба да биде донесена заедно со опозицијата.

„Нема да има мирна разрешница на кризата и тоа ќе значи отпор на улиците.Дали мнозинската коалиција не е свесна за ова? Сигурно и е јасно дека ова ќе значи бојкот и немири на улиците. Која ви е целта со ова“, праша Поповска.

Одлуката за распуштање на Собранието ќе важи од 24.февруари. По оваа точка, Собранието треба да ја констатира и оставката на Никола Груевски од премиерската фунција.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски