Поповска: Никој нема право да ја урива државата, ни маж, ни жена

Од:

Пратеничката Лилјана Поповска излезе со лично видување и доживување на она што се случуваше во Собранието. Жали поради немилите настани во Собранието пред седницата на 24 декември.

„Длабоко бев потресена, и поради присилните мерки што беа преземени кон новинарите и пратениците, и поради нападот врз Претседателот на Собранието и поради задните намери на организаторите на протестите“, вели Поповска.

Според Поповска настаните од 24-ти биле кулминација на се што се случуваше со блокадата што ја наметнала опозицијата при носењето на Буџетот, а пратениците и службите, месец дена биле заложници на едно погубно сценарио за рушење на легално избраните институции.

„Но за мене е неприфатливо физички да се спречува носење на Буџет од кој зависи нормалното функционирање на државата. Посебно во услови на глобална економска криза, во тек на преговори за членство во Европската Унија и во очекување на тешки разговори околу наметнатиот спор со името. Таква штета на своја држава не смее да и се прави“, изјави Поповска.

„Никој нема право да ја урива државата, ни маж, ни жена. Државата беше доведена во состојба да се брани од неодговорни луѓе на кои власта им е поважна од државата. Жалам и за тоа, што добри луѓе во опозиционите редови беа вовлечени во ова сценарио и злоупотребени“, вели Поповска.
Поповска, која, се декларита за заштитник и борец за женските и човековите права и здрава животна срединам за Фокус изјави дека не видела ништо и дека немало тепање. А од видео снимките се гледа дека токму таа се обидува да и го одземе мобилниот телефон на пратеничката Маринела Тушева.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска