Попова Шапка доби Информативно – едукативен Центар и две соларни еко – зони за одмор во две бачила

Од:

Во срцето на Ски-центарот „Попова Шапка“, денеска се отвора Информативно-едукативен центар чија цел е на сите посетители да им обезбеди информации за историјата, флората и дивиот свет на Шар Планина, како и едукација за различни активности и можности за спорт на планина, вклучувајќи патеки за пешачење и велосипедизам, скијање, алтернативни форми на туризмот во текот на целата година, безбедносни протоколи, капацитети за сместување и услуги, информираат од Здружението планинарскиот клуб „Шара-ски“ – Тетово.

Од Здружението додаваат дека Едукативниот центар, кој е прилагоден на околината и опкружувањето и е изграден од природни материјали, нуди простор за организирана посета на поголеми групи и екскурзии на основци, средношколци и студенти.

Во центарот посетителите ќе најдат разновидна печатена, фото и видео документација за Попова Шапка, а на располагање им е и водич кој ќе може да им ја објасни содржината на едукативниот агол. Дополнително, центарот е опремен со предавална, пулт, дрвени штандови, места за напојување со електрична енергија, простор за одмор на отворено, ТВ, компјутер и проектор.

Покрај Информативно-едукативниот центар, како што велат од Клубот, во сабота ќе бидат пуштени во употреба и двете еко-зони опремени со фотоволтаични панели и простор со маси и клупи за одмор. Овие еко-зони за одмор се наоѓаат на висок планински терен, по должината на познатата “High Scardus Trail” патека и се сместени во Бачило „Извори на реката Пена“ и Бачило „Грагор – Љуботен“. Еко-зоните во бачилата им овозможуваат на планинарите и посетителите место за одмор, пристап до електрична енергија за полнење на своите уреди, топли пијалоци и дегустација на традиционална храна.

Во Ски-центарот „Попова Шапка“ се поставени и информативни табли со детални информации за посетителите за еко-зоните.

Отворањето е предвидено за 13 часот во манастирскиот комплекс на Попова Шапка.

Би можело да ве интересира

Утрово најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Намалена видливост поради магла на патот Тетово – Попова Шапка

Провејува снег на Попова-Шапка и на преминот Пресека

Снег од 40 сантиметри во Маврови Анови и Попова Шапка

Предраг Петровиќ