Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година

Од:

Претседателот на УМС и советник во Советот на Град Скопје, Сергеј Попов, вели дека е време да се врати сјајот на ноќниот живот во градот.

„Денес на редовната седница на Советот на Град Скопје како млади советници со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ поднесовме предлог одлука за давање на овластувања за управување на објекти, односно за нејзина измена и овозможување на дискотеките кои се сега лоцирани во Градскиот парк, да можат да работат и истите да бидат место за забава на младите во градот и неговите посетители.

После две пандемиски години редно време е да го вратиме сјајот на ноќниот и на социјалниот живот во Скопје.

Ги повикувам сите млади советници од другите коалиции и партии да го поддржат овој предлог, и да го направиме ова лето подобро за сите нас“, изјави Попов.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?