Попоски: Уникатност е уставот на една земја да го дефинира влада на друга држава

Од:

Униктност е да се самоперципираш како лулка на демократијата, а да промовираш теза дека устав во  една држава треба да се дефинира не од народот кој живее во таа држава, туку од влада на друга држава.

Ова во својот дипломатски дневник го пишува министерот за надворешни работи Никола Попоски, по последната изјава на неговиот грчки колега Евангелос Венизелос дадена по средба со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун дека Атина инсистира на својата позиција за географска одредница и име за севкупна употреба, што би подразбирало и промена на Уставот на Република Македонија.

Шефот на македонската дипломатија престојува во Њујорк на 68. Генерално собрание на ОН.

Засега нема најава за евентуална средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Попоски и Венизелос, и покрај таквата иницијатива од македонска страна.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија