Попоски: Се уште нема одговор од Самарас, очекуваме позитивна реакција

Од:

Се уште нема одговор од грчкиот премиер Андонис Самарас на писмото од премиерот Никола Груевски, но се надеваме на позитивна реакција, изјави денеска министерот за надворешени работи Никола Попоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по средбата со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика Дирк Бренгелман, Попоски напомена дека македонската Владата продолжува со проактивниот пристап од изминатиот период зашто сака и очекува придвижување на процесот.

– Преголема цена плаќаме од определено ниво на дефокусираност во грчкото политичко водство во однос на ненадминување на проблемот во услови во кои Република Македонија е блокирана на патот на члентсвото во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, рече шефот на дипломатијата.

Во врска со именувањето амбасадори и шефови на македонски дипломатски претставништва во странство, Попоски нагласи дека не сака да шпекулира зашто процесот се уште не е завршен.

– Ќе се задржам на дипломатската пракса да не шпекулираме со имиња и предвидувања додека процесот не биде во зрела фаза. Но, кога тоа ќе се случи, ќе го споделиме. Во секој случај, првпат спроведовме транспарентнен процес на огласување места за шефови на дипломатско-конзуларни претставништва.

– Се работи за многу корисно искуства кое отвора позитивни можности за иднина. Во разговори со колеги од регионот и пошироко, ваквата методлогија наидува на позитивни реакции, истакна министерот за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани