Попоски се сретна со шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска се сретна со Герт Аренс, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори 2013 година, соопшти Министерството за надворешни работи.

Министерот Попоски, на средбата ја истакнал подготвеноста на МНР да даде помош и логистичка поддршка на Мисијата за набљудување на изборите, како и за активностите кои се преземаат со цел спроведување на фер и демократски избори.

За време на средбата било изразено взаемно задоволство за соработката со меѓународните набљудувачки мисии во досегашните изборни циклуси, како и очекување таа да продолжи и во иднина.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија