Попоски се сретна со Генералниот секретар на НАТО Расмусен

Од:

Во рамките на посетата на Регионот денеска во еднодневна работна посета на Република Македонија престојуваше Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, при што оствари средба и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Како што соопшти МНР, на средбата меѓу министерот Попоски и Расмусен, на која присуствувал и министерот за одбрана Талат Џафери, станало збор за актуелни теми поврзани со спроведувањето на националните реформи во правец на нашето полноправно членство во Алијансата.

– Притоа заеднички беше констатиран евидентниот и континуиран напредок во спроведените реформи, со констатација дека членството во НАТО и натаму претставува цврста определба на Република Македонија, подеднакво важна, како за земјата, така и за Алијансата, се вели во соопштението од МНР.

Министерот Попоски се осврнал на успешната соработка во рамки на мисијата на НАТО во Авганистан, како и нашата определба за натамошен придонес на земјата во зачувувањето и јакнењето на мирот и безбедноста во регионот и пошироко.

– Во оваа прилика, Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, меѓу другото, ги поздрави постигнувањата на Република Македонија во реформските процеси, и нагласи дека политиката на отворени врати на НАТО останува еден од главните негови приоритети, се посочува во соопштението.

Во него се додава дека Рамусен изразил надеж за брзо изнаоѓање на взаемно прифатливо решение околу разликите со Грција во односн на нашето уставно име.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени