Попоски: Потребен е дијалог на највисоко политичко ниво со Грција

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попосски денеска изјави дека е потребен дијалог на највисоко политичко ниво со Грција и оти до овој момент нема информации дека во Атина постои расположеност за тоа.

–  Најзначајно за нас е да постои отворена комуникација на политичко ниво за прашање кое ни е наметнато надвор од правните рамки и надвор од обврските кои тереба да ги исполниме за членство во двете организации НАТО и ЕУ. Токму во тој контекст беше адресирано тоа барање за средби на премиерско ниво, а во рамки на дијалогот кој се одвива во ОН, изјави Попоски одговарајќи на новинарско прашање дали е можна средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер за време на Генералното собрание на ОН, кон крајот на месецов во Њујорк.

Попоски истакна дека доколку не биде подигнато нивото на разговори, ќе бидеме доведени во во ситуација јужниот сосед континуирано да одбегнува содржински дијалог и постојано да наоѓа некои начин на изговор како да се одолговлекува тој процес.

– Наша цел е да го надминеме овој предизвик и затоа и сметаме дека е потребен дијалог на политичко ниво, а тој дијалог мораме да го издигнеме на највисокот политичко ниво. До овој момент немам информации дека од страна на Атина постои расположение за тоа. Ние остануваме расположени да одговориме на кој било сигнал од другата страна за разговор и за дијалог  врз база на аргументи и врз база на меѓународната правна рамка, во врска со ова прашање, изјави шефот на дипломатијата.

За денешните разговори во Атина меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, изјави дека се работи за посета во приватно својство, за што има соодветен протокол, и оти нема да присуствува македонскиот амбасадор во Грција Сашо Стефков.

– Мислам дека е корисно секој што се занимава со политика во Република Македонија од прва рака да ги чуе барањата или очекувањата со кои се соочуваме од страна на оние кои определуваат како, колку брзо и на кој начин можеме да влеземе во НАТО и во ЕУ. Не гледам ништо неповолно од тој аспект, мислам дека може да биде само корисно доколку секој ги чуе тие аргументи и успее да најде определена логика во нив, рече Попоски, запрашан да ја коментира средбата.

Шефот на македонската дипломатија денеска на ФИНКИ присуствуваше на презентацијата на конкурсот за социјална иновација „Make a positive impact – create change“.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија